ОН ја усвои резолуцијата на Русија за контрола на оружјето

Генералното собрание на ОН ја усвои поднесената резолуција од страна на Русија за зајакнување на системот на договори за контрола на оружјето.

Резолуцијата е насловена како „Зајакнување и развој на системи на договори и акти за контрола на оружјето, разоружувањето и неширењето“. Во неа се повикуваат сите држави потписнички на релевантни документи целосно да ги спроведат условите утврдени во актите.

Нагласено е дека со тоа ќе се поддржи глобалната стабилност и меѓународната безбедност.

Авторите на резолуцијата апелираат до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да продолжи со поддршка на одржувањето на интегритетот на таквите договори и да се поттикне развојот на дополнителни мерки од страна на државите, што ќе доведе до потпишување на нови договори од сличен карактер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.