ОН: Bо Украина досега загинале најмалку 1.563 цивили

Од почетокот на руската офанзива во Украина, убиени се најмалку 1.563 цивили, објави во средата канцеларијата на високиот комесар за човекови права во Обединетите нации (ОХЦХР).

Во соопштението се наведува дека се ранети намалку 2.213 цивили. Притоа ОХЦХР наведува и дека „вистинските бројки се веројатно многу поголеми“.

Како места во кои се убиени најмногу цивили, според досегашните извештаи, се наведуваат Мариупол, Валноваха, Изјум, Попасна и Бородјанка.