ОН ќе го истражуваат американското шпионирање

американски претставници првично дале уверување на ОН дека информациите за „американското шпионирање“ не се точни.

ОН планираат да го истражуваат американското шпионирање и ќе контактираат со американскиот гигант за телекомуникации, компанијата „AT&T“, по повод информациите дека и дозволиле на американската Национална агенција за безбедност (НСА) да ја прислушува целокупната Интернет комуникација во седиштето на светската организација.

Американски претставници првично дале уверување на ОН дека информациите за „американското шпионирање“ не се точни.
Американски претставници првично дале уверување на ОН дека информациите за американското шпионирање не се точни.

Портпаролката на ОН Ванина Местрачи рече дека американски претставници првично дале уверување на ОН дека информациите за американското шпионирање не се точни, односно „тие не вршат прислушување на нивните комуникации“.

Местрачи реагираше на извештајот на американскиот весник „Њујорк тајмс“ во кој се наведува дека компанијата „AT&T“ пружала техничка поддршка во спроведување на тајниот судски налог кој дозволува прислушување на целокупната интернет комуникација во седиштето на ОН, клиент на американската компанија.

Местрачи рече дека сите земји мора да ја почитуваат „неповредливоста на ОН“ во согласност со меѓународното право.

Асанж и нуди помош на Германија за американското шпионирање

Асанж и нуди помош на Германија за американското прислушување
Асанж и нуди помош на Германија за американското шпионирање

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж им нуди помош на германските власти во истрагата за американското шпионирање на канцеларката Ангела Меркел, министри и други високи функционери од страна на американската Агенција за национална безбедност (НСА), јави дописникот на МИА од Берлин.

Германските медиуми пренесуваат дека Асанж, кој последните три години живее во Амбасадата на Еквадор во Лондон поради опасност да биде екстрадиран на Шведска каде е обвинет за наводно силување, е подготвен да се сретне со членовите на гермаснкиот парламент кои што го истражуваат случајот.

Доколку пратениците имаат потреба од сведок јас би бил среќен да ги примам овде и да одговорам на нивните прашања, изјавил Асанж во интерју за „Шпигел“.

Според тајните документи што ги објави Викиликс пред дваесетина дена, НСА со децении прислушувала 56 телефонски броеви на институции и високи германски претставници уште од времето на премиерите Хелмут Кол и Герхард Шредер се до ерата на Меркел.

Асанж тврди дека има документи што потврдуваат дека НСА ги прислушувала канцеларката Меркел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.