ОН истражува 35 кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот

Експерти на ОН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи на кибер напади на Северна Кореја врз 17 земји од светот, што за цел  имале незаконско собирање пари за нејзината нуклеарна програма, пишува турскиот весник „Сабах“.

Минатата недела светските агенции информира дека Северна Кореја незаконски дошла до „ две милијарди долари“ од своите се подобро обмислени и реализирани кибер активности врз финансиски институции и берзи за крипто валута.

Опширниот извештај на ОН открива дека Јужна Кореја била најмногу засегната, бидејќи дури 10 пати била жртва на вакви кибер напади, следена од Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

По еден кибер напад претрпеле 13 држави: Коста Рика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Јужна Африка, Тунис и Виетнам, се наведува во извештајот на ОН