Џон Красински е најсекси маж на светот, во изборот на People

Актерот Џон Красински е прогласен за најсекси маж во 2024 година од страна на магазинот People, преземајќи ја титулата од колегата Патрик Демпси.

Списанието ова традиционално го објави во годишното издание со ексклузивно интервју со овој успешен актер.

Веста за изборот на 45-годишниот актер, продуцент и режисер за најсекси маж во светот беше откриена во вторникот во текот на емисијата „The Late Show“ со Стивен Колберт.

Красински е најпознат по неговата култна улога на Џим Халперт во филмот „The Office“, како и по научно-фантастичниот хорор филм „A Quiet Place“ и неговото истоимено продолжение.

Тој истакна дека без сомнение највредната улога што ја има е секојдневната од реалниот живот – Красински е сопруг на актерката Емили Блант (41) со која има две ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).

„Убаво е да си во брак со некој од кој постојано учиш, со кој се менуваш и се развиваш. И навистина сум среќен што имам можност да го поминам сето тоа со сопругата”, вели Красински во интервју за People.

Тој го напиша сценариото за „A Quiet Place“ и продолжението на филмот „A Quiet Place 2“. Го режираше и глумеше во него со неговата сопруга Емили во главната улога.

Красински вели дека соработката со сопругата на двата филма била една од највозбудливите работи во неговиот професионален живот.