ОН: Либан до крајот на годинава може да остане без основна храна

39

Повеќе од половина од населението во Либан би можело да остане без основна храна до крајот на годинава, поради економската криза и по експлозијата во која беше уништен голем дел од пристаништето во Бејрут, предупредија денеска Обединетите нации (ООН).

Владата мора да преземе итни мерки за спречување на кризата, рече Рола Дашти, која е на чело на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЕСЦВА).

Таа ги повика властите да ги обноват силосите уништени во силната експлозија во пристаништето на 4 август.

-Пристаништето е главната точка на влез на стоки во Либан, што зависи од увозот на храна, наведува агенцијата на ОН.

ЕСЦВА претходно соопшти дека Либан е парализиран од последиците од бројните шокови што ја осиромашија економијата и предизвикаа невиден пораст на стапката на сиромаштија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.