ОН: Над 900.000 Украинци побегнале во соседните земји

Бројот на Украинците, кои избегале во соседните земји од почетокот на воениот конфликт во Донбас, надмина 900 илјади лица, од кои повеќето односно 746 илјади побарале азил во Русија, соопшти синоќа Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, пренесе МИА.

Во Белорусија пристигнале 81 илјада, во Германија 4.600, во Полска, 3.600, а во Италија 2.900.

Како последица на судирите 1,35 милиони Украинци биле принудени да ги напуштат домовите и добиле статус на внатрешно раселени лица. Од нив 807 илјади се пензионери, 171 илјада се деца, а 57.500 се инвалиди.

Комесаријатот констатира дека во јуни поради обвновувањето на вооружените судири и нарушувањето на примирјето хуманитарната состојба во источна Украина е повторно драстично влошена, а слободата на движењето е сериозно ограничена поради борбените дејствија и мерките за безбедност.