ОН не ја прифатија руската резолуција во 2022-ра да се укине високиот претставник за БиХ

Советот за безбедност при Обединетите нации ја отфрли во четвртокот руската резолуција со којашто се поддржува именувањето на германскиот дипломат за меѓународен висок претставник за Босна и Херцеговина, но со затворање на неговата канцеларија на 31-ви јули 2022 година, што Западот го отфрла.

Предлог-разолуцијата доби само два гласа, од Русија и од Кина, а сите останати членки на Советот за безбедност на ОН беа воздржани.

За прифаќање на текст на резолуција потребни се девет од 15 гласови, со услов ниедна од петте постојани членки – САД, Русија, Кина, Феанција и Велика Британија – да не вложат вето.

Отфрлањето на резолуцијата беше очекувано. Пред гласањето западните дипломати ја обвинија Русија дека со тоа наводно сака неверодостојни да ги направи канцеларијата на високиот претставник и поранешниот германски министер за земјоделие Кристијан Шмид, кој на 1-ви август ќе ја преземе оваа должност. Него на 27-ми мај го избра Советот за спроведување на Дејтонскиот договор од 1995 година кој го сочинуваат 55 земји.

Русија, која со години се труди да ја затвори канцеларијата на високиот меѓународен претставник, обвинивајќи ги досегашните претставници за пристрастрасност на штета на босанските Срби, во јуни наведе дека „решително го одбива“ именувањето на Кристијан Шмид за наследни на Австриецот Валентин Инцко, кој заминува од таа должност по 12 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.