ОН остро ги осудија егзекуциите на политички затвореници во Мјанмар

Високиот комесаријат за човекови права на ОН денеска ја осуди воената хунта на власт во азиската дрѓава Мјанмар, поради егзекуцијата на четворица затвореници, меѓу кои и една претставничка на продемократската партија Аунг Сан Су Чи, оценувајќи дека тоа е „сурова и регресивна“ мерка.

„Ужасната сум што и покрај повиците од целиот свет, војниците извршија егзекуции без никакво почитување на човековите права. Оваа сурова и регресивна мерка е дел од продолжувањето на кампањата на репресија што армијата сега ја спроведува против сопствената луѓе“, вели во соопштението на високиот комесар, Мишел Башле.

Тоа е прв пат во последните 30 години во Мјанмар да биде извршена смртна казна.

Башле рече дека овие егзекуции претставуваат „сурово кршење на правото на живот, слобода и безбедност и гаранции за правично судење“.

„Ако војниците го прошират својот масакр, тие само повеќе ќе заглават во криза што самите ја создадоа“, рече таа.

Владата на Мјанмар денеска објави дека ги извршила своите први егзекуции по 50 години, бидејќи поранешен пратеник на Националната лига за демократија, активист за демократија и двајца мажи обвинети за насилство биле егзекутирани со бесење.
Егзекутираните четири лица беа осудени за акти на „брутален и нехуман тероризам“, а егзекуциите ги следеа „затворските процедури“, објави државниот весник „Глобал ново светло на Мјанмар“, без да прецизира кога биле извршени.

Од воениот удар на 1 февруари 2021 година, десетици противници на хунтата се осудени на смрт, но досега не е извршена ниту една смртна пресуда.

Според ОН, од воениот удар на 1 февруари 2021 година, 117 лица, меѓу кои две деца, се осудени на смрт, од кои 41 во отсуство. Повеќе од 11.500 луѓе сè уште се во притвор поради противење на военото преземање.

Високиот комесаријат на ОН повика на итно ослободување на сите политички затвореници и лица кои се држат во затворите и ги повика властите во земјата повторно да воспостават де факто мораториум на извршувањето на смртната казна, како чекор кон нејзино укинување.

„Се чини дека војската не сака да стави крај на оваа криза или да го намали насилството во согласност со нивните меѓународни обврски, а да не зборуваме за желбата да се почитуваат процедурите, законот и владеењето на правото“, рече таа.