ОН предупредува на можен невиден глад во Јемен во последните 40 години

15

Марк Лукок, помошник на генералниот секретар на ОН за хуманитарни работи, денеска ги повика САД да се откажат од планот за прогласување на проиранското шиитско движење Хути во Јемен за странска терористичка организација, бидејќи тоа дополнително може „да ја втурна земјата во глад со невидени размери во последните речиси 40 години“.

Лукок најави дека ќе укаже дека американските планови за издавање дозволи и олеснувања на хуманитарни организации нема да го спречат гладот ​​во Јемен, пренесуваат британските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.