ОН предупредува: Температурите веќе никогаш нема да бидат исти, Гренлад ќе се топи

Високите температури кои неделава стигнаа до рекордни вредности во Европа изгледа дека ќе се поместат кон Гренланд, што може да доведе до тоа замрзнатата површина да се спушти во близина или пак да оди под рекордно ниско ниво кое било забележано во 2012 година, соопштиле денеска Обединетите нации.

Клер Нулис, портпаролката на Метеоролошката организација на ОН, рекла дека топлиот воздух кој се движел од Северна Африка, не само што вчера поставил температурни рекорди, туку и ги надминал за 2, 3 или 4 степени, што таа го опишала како „апсолутно неверојатно“, пренесува Ројтерс.

„Според предвидувањата, што е загрижувачки, атмосферскиот проток сега ќе ја транспортира топлината кон Гренланд“, рекла таа на редовниот брифинг во Женева.

Тоа, додала, ќе резултира со високи температури и зголемување на замрзнатиот покривач на Гренланд.

Таа навела дека се уште не се знае дали ќе биде надминат рекордот од 2012 година. Замрзнатата прекривка довела до пораст на нивото на морето и нестабилно време, навела агенцијата.