ОН: Речиси 160 луѓе загинаа од нагазни мини за само шест месеци во еден град во Јемен

Обединетите нации објавија дека 159 луѓе загинале од нагазни мини и други неексплодирани неексплодирани средства во јеменскиот град Худајда во изминатите шест месеци.

Градот Худајда е под контролата на бунтовниците Хути во крвавата граѓанска војна меѓу нив и коалицијата која ја поддржува меѓународно признатата јеменска влада. Бунтовниците се поддржани од Иран, а владата од Саудиска Арабија.

Директорката на службата на ОН за отстранување мини Илен Кон рече дека повеќе од 50 отсто од жртвите во пристанишниот град Худајда се жени и деца и повика да се забрза деминирањето низ Јемен.

Нагазни мини се поставени низ Јемен уште од 1960-тите. Но, од почетокот на граѓанската војна во 2014 година, забележано е зголемување на нивната употреба, особено од страна на бунтовниците.

Според податоците на САД, од 2016 до 2018 година, нагазните мини на Хутите убиле најмалку 122 луѓе.