Џон Сена за искуството со „Брзи и Бесни 9“

Новиот актер во серијалот „Брзи и Бесни“, Џон Сена проговори за деветтиот филм, истакнувајќи дека тоа било извонредно искуство.

– Глобалната поврзаност што овие филмови ја имаат со обожавателите низ цел свет, е нешто што не сум го искусил досега. Работев со луѓе кои живеат со овој проект скоро 20 години. Тоа е една навистина семејна атмосфера… И, треба на повеќе начини да ја заслужиш нивната почит. Но, кога ќе го постигнеш тоа, ти си веќе дел од тоа семејство, изјави тој за неделникот „Ентертејнмент“.

Освен во „Брзи и Бесни 9“, Сена има улоги и во „Одредот на отпишаните 2“ (The Suicide Squad), „Играјќи си со огнот“ (Playing with Fire) и „Дали си попаметен од петтоодделенец?“ (Are You Smarter than a 5th Grader?)

„Брзи и Бесни 9“ ќе почне да се прикажува во мај наредната 2020 година.