ОН: Во 2017 година се произведени 1.976 тони кокаин во светот

Од 2017 година досега, производството на кокаин достигна највисоко ниво, а хероинот во Западна и во Централна Европа се шверцува првенствено од Авганистан преку Балканот.

Тоа се нагласува во годишниот извештај за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба со дрога и против организираниот криминал (УНОДЦ).
Ширум светот во 2017 година околу 271 милиони луѓе користеле наркотици, и околу 35 милиони повеќе отколку што се очекуваше, се зависни од наркотици и биле под медицински третман поради наркотици.
Бројот на луѓе кои користат наркотици остана на исто ниво во споредба со претходниот извештај, но во споредба со 2009 година се зголеми за 30 проценти.
Канабисот е најшироко распространета дрога во светот, се вели во извештајот – 188 милиони луѓе го користеле во 2017 година.
Додека бројот на корисници на канабис остана стабилен во последната деценија, намален е бројот на запленет канабис.
Околу 53,4 милиони луѓе, или 56 проценти повеќе отколку во 2016 година, користеле опиоиди како што се хероин и опиум.
Тие дроги се повеќе популарни и се причина за две третини од 585.000 лица кои во 2017 година, починаа поради дрога.
Синтетичката дрога „Фентанил” се наведува како една од причините за смртта на многу зависници во САД, и се додава дека во Европа се зголемува пазарот за таа дрога.
Што се однесува до производството на кокаин, во 2017 година се произведени 1.976 тони – повеќе од кога било.
Во извештајот се наведува Колумбија како најголем производител на кокаин (70 проценти).
Според извештајот, 18.1 милиони луѓе ја користеле таа дрога – најголеми зависници се во Северна Америка и Океанија.
Кокаинот кој влегува на европскиот пазар потекнува од Перу, Боливија и Колумбија.
Хероинот, што се вели, главно, преку балканските земји се транспортира до Западна и Централна Европа, а набавуван е главно во Авганистан, од каде што се шверцува преку Иран и Турција до балканските земји.
Даркнет е главно место за трговија со наркотици и губи на популарност поради полициски акции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.