ОН: Во јуни во Ирак загинале скоро 2.500 луѓе

Обединетите нации (ОН) објавија дека во јуни во Ирак загинале повеќе од 2.400 лица и оваа бројка го прави месецот најсмртоносен во земјата досега.

Мисијата на ОН во Ирак соопшитила дека 2.417 лица се погинати во терористички напади. Меѓу жртвите 1.531 лице се цивили, а 886 се припадници на ирачката војска.

Според извештајот на ОН, во јуни во Ирак ранети се 2.287 лица.

ОН укажале дека бројот на жртвите не ја опфаќа покраината Анбар која во голема мера е под контрола на сунитските екстремисти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.