ОН: Во Украина досега потврдено загинувањето на над 350 цивили

Потврдено е дека најмалку 351 цивил загинал или е убиен а уште 707 се ранети во Украина откако руските сили на 24-ти февруари ја започнаа својата „специјална воена операција“ во соседбната земја, иако вистинската бројка „веројатно е значително поголема“, објави набљудувачката мисија на Обединетите нации во саботата без да презицира дали во оваа бројка се вброени и цивилните жртви во одметнатите руски и рускојазични региони во источната област Донбас кои сѐ уште се гранатирани и ракетирани од позициите на украинската војска.

„Повеќето цивилни жртви се предизвикани од експлозивно оружје со широк радиус на ударот, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и повеќецевни ракетни системи, како и ракетни и воздушни напади“, соопштија во писмена објава набљудувачите од Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права (OHCHR).

Според нив, „се верува дека вистинските бројки се значително поголеми, особено на теририотијаат под контрола на украинската валда, а особено последните денови, имајќи предвид дека добивањето на информациите од некои логаци на кои се воделе интензивни борни е забавено, а многу извштаи сѐ уште очекуваат потврда“.

Мисијата соопштува дека допрва треба да се потврдат наводите за стотици цивилни жртви во градот Волноваха каде беше во саботата да биде отворен хуманитарен коридор за евакуација на цивилите од обрачот на руските сили.