ОН: Во Украина се убиен над 7.000 цивили

Повеќе од седум илјади цивили се убиени во Украина откако Русија кон крајот на февруари 2022 година ја започна својата инвазија, објави во понеделникот Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (OHCHR).

„Повеќето забележани жртви се предизвикани со користење со експлозивни оружја со широк дострел, вклучително и гранатирање од тешка артилерија, повеќекратни ракетни лансери, проектили и воздушни напади“, соопшти OHCHR.

Од Канцеларијата велат дека потврдиле 7.301 смрт на цивилни лица, но веруваат оти вистинската бројка е „значително повисока, имајќи предвид дека многу извештаи сѐ уште чекаат потврда и имајќи ја предвид недостапноста на подрачјата“ каде што се одвиваат тешки борби.

Повеќето од забележаните загинување на цивили според ОН се во областите кои се под контрола на Украина – 6.536, а убиени се 495 цивили во областите кои се под контрола на проруските сепаратисти и руските единици. OHCHR не ја пропишува одговорноста за овие смртни случаи.

И двете страни наведуваат дека бројките на убиените цивили се многукратно поголеми и, исто така, негираат дека намерно гаѓаат цивилни цели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.