ОН: Во војната во Украина најмалку 17.023 убиени и ранети цивили

Според податоците на Обединетите нации (ОН), најмалку 6.655 цивили се убиени во руската војна против Украина, а најмалку 10.368 се ранети, објави Киев индипендент.

Агенцијата за човекови права на ОН забележува дека вистинските бројки веројатно ќе бидат многу поголеми, бидејќи информациите од некои места се добиваат одложено, а многу информации за цивилни жртви допрва треба да се потврдат.

Од друга страна независните истраги откриваат дека Русија изгубила повеќе од 1.500 воени офицери – вклучувајќи речиси 160 генерали и полковници – откако почна да ја води војната против Украина во февруари, пренесува британски Индипендент.

Но Москва упорно молчи за воените загуби во Украина, при што најновата официјална бројка од 5.397 – дадена во септември од министерот за одбрана Сергеј Шојгу – е значително пониска од западните проценки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.