ОН загрижени поради мигрантите на море

Неколку агенции на Обединети нации изразија загриженост поради илјадниците бегалци и мигранти кои се на море во Бенгалскиот Залив и во Андаманско Море.

Агенциите истакнуваат дека пандемијта со Ковид-19 придонела за дополнителна контрола на границите, но оти мерките не треба да ги спречуваат луѓето да бараат азил или да бидат присилени да се вратат во своите држави, каде се соочени со животна опасност.

Во заедничкото соопштение на УНХЦР, ИОМ и УНОДЦ се истакнува загриженоста поради што чамци преполни со жени, мажи и дца не можат да пристигнат до бргот и немаат пристап до храна, вода и здравствена нега.