ОН згрозени од израелската рација во болницата во Газа, СЗО размислува за евакуација на пациентите и персоналот

Обединтите нации се згрозени од израелскиот воен упад во болницата, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тоа е „целосно неприфатливо“ и дека разговара со голем број партнери за можноста за евакуација на пациентите и медицинскиот персонал од болницата „Ал Шифа“ во палестинскиот град Газа.

Челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во Женева порача дека пациентите и персоналот мора да бидат заштитени дури и ако болниците се користат за воени цели.

Израелските војници влегоа во најголемата болница во Газа „Ал Шифа“ во средата и ги пребаруваат просториите и подрумите, откако Израел рече дека борците на Хамас наводно се сместени во тунелите под објектот, што ова радикално движење го негира.

„Извештаите за воениот упад во болницата Ал Шифа се длабоко загрижувачки“, рече првиот човек на СЗО.

Шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитсм на социјалните платформи објави дека „заштитата на новороденчињата, пациентите, медицинскиот персонал и сите цивили мора да биде пред сè друго“ и додаде дека е „згрозен“ од извештаите за рациите.

„Болниците не се боишта“, вели Грифитс.

Во соопштението на израелската војска се вели дека врз основа на разузнавачки информации „силите на ИДФ спроведуваат прецизна и насочена операција против Хамас“ во болницата, а намерата не била да им наштетат на цивилите.

„Голем број партнери, вклучително и СЗО, итно ја разгледуваат можноста за евакуација на пациентите и медицинскиот персонал од болницата Ал Шифа“, рече Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО на окупираните палестински територии.

Висок израелски воен функционер изјави дека војниците пронашле оружје и „терористичка инфраструктура“ во рацијата на локација во болницата „Ал Шифа“. ЗА новинарите изјави дека немало борби во болничкиот комплекс, бидејќи војниците влешле во текот на изминатата ноќ и дека нема тензија со медицинскиот персонал или пациентите во друг дел од болницата.

„Уште еднаш изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на нивните пациенти“, рекол

Белата куќа соопшти дека не го поддржува воздушниот напад врз болницата или размената на оган во болницата „каде што невини луѓе, беспомошни луѓе, болни луѓе кои се обидуваат да ја добијат медицинската нега што ја заслужуваат, се фатени во вкрстен оган“. „Болниците и пациентите мора да бидат заштитени“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејк Саливан.