Она што се случува во Македонија го уназадува евроатлантскиот процес

Како претседател на најголемата опозициска партија изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите на кој и да е план, изјави во понеделникот во Брисел челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини

Мицкоски, кој беше придружуван од потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев, информираше дека на средата со шефицата на дипломатијата на ЕУ разговарале за стратешките приоритети на Република Македонија, а тоа, како што исткана, е полноправното членство на земјата во Европската унија/.

„Исто така, разговаравме во врска со реформскиот процес којшто е на патот до полноправно членство на Република Македонија во ЕУ. Како претседател на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието, економските форми исто така“, изјави Мицкоски.

Нагласил дека сето она што во овој период се случува во Македонија ја загрижува опозицијата, и оценил дека тоа не само што не помага во побрзо одење на патот кон полноправно членство на Република Македонија во ЕУ, туку и го уназадува тој процес.

„Исто така, ја искористив можноста да ја информирам врокомесарката Могерини за она што се вели состанок кој што го имавме во саботата, а поврзан со проблемот со името кој што имаат Република Македонија и соседна Република Грција. Состанокот кој што го одржа државниот врв, на кој што присуствував јас, владините претставници, претседателот Иванов и господинот Ахмети придружуван од неговите соработници. Ја запознав со содржината на состанокот дека тој е од информативен карактер. Не запознаа со начинот како е воден процесот од нивна страна досега. Но она што се вели предлог кој што беше доставен од страна на медијаторот Нимиц. Очекуваме дека овој сет на идеи и понатаму ќе се развива и дека ќе бидеме континуирано информирани за развојот на овој процес, се до негово се разбира позитивно решавање“, рече Мицкоски.

Истакна дека особено како најголема опозициска партија ги обеспокојува негативната слика за економијата во државата, негативните процеси од аспект на реформите во правосудството, злоупотребата на државните институции во партиски цели и сето она што го оцени „со два збора – политички терор“.

„Се надеваме дека во иднина овие зборови ќе изостанат од нашиот вокабулар и ние само ќе зборуваме за реформи, реформи и што побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската унија и во НАТО“, заклучи Мицкоски.

Средбата со Могерини ја оцени како „корисна и конструктивна“ и изрази дека во тој дух треба да продолжат и натаму односите коишто ќе ги развива ВМРО-ДПМНЕ со официјалните прегтставници на главните институции на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.