ОНЕ: Бидете дел од најзабавниот #ЏаБестПредизвик

Во пресрет на вториот ЏаБест роденден, ОНЕ ги повикува сите ЏаБестери и ЏаБест фанови да се вклучат во најзабавниот #ЏаБестПредизвик. #ЏаБестПредизвик е акција во која 100 натпреварувачи, во период од 3 недели, почнувајќи од денес 21 мај ќе треба да исполнуваат различни задачи преку своите профили на социјалните мрежи: Facebook, Twitter и Instagram, да освојуваат поени и да се натпреваруваат за вредни награди, а најсреќниот учесник ќе го добие најновиот Samsung Galaxy S5.

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија кои се подготвени сите активности поврзани со овој предизвик да ги споделуваат јавно на своите профили на социјалните медиуми. Пожелно е секој натпреварувач да има активен ЏаБест број, но доколку нема, а е избран да учествува, истиот ќе може бесплатно да го добие во најблискиот салон на ОНЕ пред почетокот на предизвикот.

Во период од 3 недели ќе бидат зададени вкупно 10 задачи, а секоја нова задача во исто време ќе биде испратена преку SMS до сите натпреварувачи со краток опис на задачата и линк до www.dzabest.mk каде ќе бидат опишани сите детали за задачата. Освен првата награда Samsung Galaxy S5, учесниците од 2-20 место добиваат 6 месеци по 2GB мобилен интернет, од 20-50 место добиваат 3 месеци по 2GB мобилен интернет, а учесниците од 50-100 место, ЏаБест пакет подароци.

Формата за пријавување во #ЏаБестПредизвик и деталите околу пропозициите за учество, механизмот за наградување како и сите детали за играта и ранг листата на натпреварувачи можете да ги најдете на www.dzabest.mk.