ОНЕ и Каролина со нов договор за соработка

Телекомуникацискиот оператор на ОНЕ и Авалон продукција ја продолжуваат сорабитката и оваа година. Трета година по ред, брендот на ОНЕ застанува зад најголемата музичка поп ѕвезда Каролина.

„Нашата врска веќе станува сериозна, три години е период за почит. Веќе добро се познаваме,делиме исти вредности и нижиме заеднички успеси. Ние во ОНЕ сме навистина горди на оваа соработка и сметаме дека овие два големи бренда како ОНЕ и Каролина, несомнено треба да бидат заедно. Од досегашната соработка произлегоа низа успешни проекти, а продолжувањето на договорот е потврда за задоволството на двете страни,“ изјави на прес конференцијата Цирил Кафол.

Освен што ОНЕ стои зад новиот албум на Каролина „Македонско девојче 2“ , соработката годинава подразбира дека поп пејачката ќе сними рекламни кампањи на ОНЕ и ќе учествува во хуманитарни проекти.Во двегодишната соработка ОНЕ и Каролина реализираа многу заеднички протки, првиот компилациски албум „Најубави песни“, „Македонско девојче 1“,  „Македонско девојче 2“, видео записи, низа концерти.

„Навистина е чест и задоволство да се соработува со компанија како ОНЕ.Во изминативе две години имавме успешна соработка,  а на наше огромно задоволство соработката продолжува и во 2014. Плановите со ОНЕ за престојната година се големи и она што можам да го ветам е дека оваа година ќе работиме партнерски посветено на сите љубители на добрата музика да им понудиме атрактивни музички содржини и настани,“изјави Каролина.

Бобан Милошоски од Авалон продукција го изрази задоволството од соработката со ОНЕ, но и професионалноста на ПР и маркетингот и тимот во телекомуникацискиот оператор.

„Во овие 20 години сме соработувале со речиси сите врвни компании во Македонија, но професионалност во ПР и менаџерскиот тим како во ОНЕ, не сме сретнале. Можат слободно да отворат школа за тоа,“ изјави Милошоски.