Оневозможен најопасниот злонамерен софтвер на светот

Властите на неколку земји, меѓу кои се Холандија, Германија, САД, Велика Британија. Франција, Литванија, Канадија и Украина ја преземале контролата над најопасниот злонамерен софтвер на светот, објавија во средата европската полицска агенција Europol и европското биро за правосудна соработка Eurojust.

Според овие две организации, станува збор за EMOTET, софтвер кој работи врз основа на „ботнет“, мрежа од хакирани компјутери којашто овозможува испраќање злонамерни (малициозни) електронски пораки од големи димензии. Операцијата е спроведена во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT).

„Силите на редот и правосудните власти од целиот свет го прекинаа оваа седмица дејствувањето на една од најважните мрежи последниот век. Истражителиет ја преземаа контролата над инфраструктурата на оваа мрежа во рамките на координираната меѓународна акција, што овозможи нејзино уништување однатре“, се додава во заедничкото соопштение на Europol и Eurojust.

ЕМОТЕТ е една од најпрофесионалните и најдолготраните алатки за компјутерски криминал. Првпат е откриен како банкарскиот ‘Тројанец’ (Trojan) во 2014 година, а малициозниот софтвер со години еволуираше во главно орудие за кибернетичкиот криминал. ЕМОТЕТ претставува инфраструктура која во суштина дејствува како примарен отворач за компјутерските системи на глобално ниво. Откако преку него ќе бил воспоставен неовластен пристап, тој бил продаван на други високи криминални групации за да ги развијат своите натамошни незаконски активности, како кражба на податоци и изнуди преку Рансомвер (Ransomware).

„EMOTET беше повеќе од злонамерен софтвер. Беше толку опасен, бидејќи кибернетичките криминалци можеле да го ангажираат за да инсталираат други видови злонамерни софтвери, како што е ‘Тројанецот’ и ‘Рансомверот’ на компјутерот на жртвата“, наведуваат двете агенции чии седишта се во Хаг.

„Со потполно автоматизиранита постапка злонамерниот софтвер ЕМОТЕТ би бил префрлен на компјутерот на жртвата со помош на заразените прилози“, се прецизира во соопшетнието.

Во Europol и Eurojust сметаат дека ЕМОТЕТ е еден од главните елементи на кибернетичкиот криминал воопшто во светот, а го користеле и друг оператори на злонамерни софтвери како Trickot и Ryok.

Во минатото кампањите на електронските пораки на ЕМОТЕТ стасувале во форма на сметки, фактури, белешки за достави и информации за Covid-19. Сите електронски пораки содржеле злонамерени ворд документи во прилогот или биле преземани со кликнување на линкот.