Џони Дип конечно на социјална мрежа, на Инстаграм за кратко време собра милиони следбеници

Џони Дип ‘потклекна’ пред искушението во овие тешки денови да направи Инстаграм.

Претходно самиот призна дека немал потреба да биде на социјалните мрежи, но сега, како што вели, е вистинско време за отворени разговори, бидејќи заканата од невидлвиот непријател веќе предизвика премногу трагедии и им нанесе болка на многу семејства.

https://www.instagram.com/p/B_C26kipVRN/?utm_source=ig_embed

Им се заблагодари на сите кои досега го поддржувале, а прилично е јасно дека со тоа мислеше на грозниот развод од Амбер Хард, за време на кој меѓусебно се обвинуваа за физичко насилство.

Дип покрај својата прва фотографија објави и видеопорака за фановите. За помалку од 24 часа почнале да го следат 2 милиони корисници.