Оние кои имаат концесии кон Бугарија да не преговараат за најчувствителното прашање, освен за историјата и јазикот преговарале и за бизнис

-Прво што треба да се направи во контекст на прашањето со Бугарија е тоа сите кои имаат концесии на преговарачката маса да не се таму, да завршат со политичкиот моментум и да не влијаат на процесот. Затоа што додека преговарачите имаат разно разни концесии тешко ќе оди. Тука станува збор и за бизнис прашања како желница, телеком оператори, банки, разни производни кашацитети, тоа во пакет се преговарало, и тие ја создаваат омразата меѓу народот, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на централниот дневник на телевизија Сител.

Мицкоски укажа дека можно е да се оди напред само кога ќе се тргант актуелните актери од сцена, тогаш ќе можеме да збориме за договор и напредување на Македонија.

-Се додека преговараат истите луѓе, ние сме во мочуриште. Дај боже да се случи во декември таа меѓувладина конференција, сепак останува Бугарија да проблематизира и во понатамошниот тек, при отворање на поглавја. Токму затоа нас ни треба јасна политика, а не како што е сега. Европската интеграција на Македонија поради егзибизицонизмот на Заев е ваква или е тешко остварлива, кажа Мицкоски.