Онлајн состанок на Николоски со европратеникот Андреас Шидер

Денес како претседател на Националниот совет за евроинтеграции одржав онлајн состанок со европратеникот Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, информираше преку својата Фејсбук страница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

На средбата се разговараше за односите меѓу нашата држава и Европската унија, соработката меѓу Европскиот парламент и Собранието, можностите за почеток на пристапните преговори со ЕУ, динамиката на клучните реформи во земјата и актуелната политичка ситуација во државата, пишува Николовски.

Разменивме мислења за клучните реформи во правосудството, борбата против корупцијата, примената на законодавството, за пристапот до системот за образование на лицата со посебни потреби, како и за претстојните локални избори годинава, вели Николоски во својата објава.