Џонсон ја мина првата пречка кон изборите во декември, врати во партијата десет бунтовници

Британскиот премиер Борис Џонсон ја совлада во вторникот првата пречка кон одржувањето на предвремените паралементарни избори, откако пратениците без гласање го поддржаа неговиот предлог за нивно одржување на 12-ти декември, а во партијата се вратија десет од 21 членови на Конзервативна партија кои во септември ги исклучи поради бунт.

Пратеници во вторникот ја продолжија дискусијата и се очекува подоцна да гласаат за адмандманите, меѓу кои е и предлогот на опозициската Лабуристичка партија изборите да се одржат на 9-ти декември, што се очекува вечерва.

Евопската унија ѝ го одобри на Велика Британија третото одложување на раздружувањето кој првично требаше да се случи на 29-ти март, а британскиот парламент и натаму е поделен во составот како да се спроведе или дали воопшто треба да се спроведе.

Џонсон, кој со месеци инсистираше на брегзитот без да бара одложување на рокот на 31-ви октомври, но откако парламентот со изгласување на закон го принуди на тоа, упорно ги бара предвремените избори, кои имајќи ја предвид високата предноста во рејтинзите би му донеле можност да ја надминат парализата во парламентот за кој тој тврди дека ја поткопува довербата во политичарите и демократијата оневозможувајќи го брегзитот.

Според правилата воведени во 2011 година при промената на британскиот изборен законик. Пред тој период премиерот имаше многу поголеми слободи за свикување предвремени избори без консултирање на парламентот.

Денешниот предлог беше четвртиот обид на Џонсон да распише предвремени избори откако ја презема должноста. Последен пат пратениците го одбија во понеделникот, кога не доби две третини од гласовите, односно 434 гласа, но доби поддршка од 299 пратеници а против беа 70 пратеници.

Во вторникот потпретседателот на парламентот го одби изјаснувањето за предлогот на опозицијата старосната граница за правото на глас да се снижи на 16 години, како и право на глас да добијат и државјаните на Европската унија.

Џонсон во расправата истакна дека Британија има потреба од нов паралмент кој ќе биде способен да го спроведе брегзитот.

„Само еден е патот да се спроведен брегзитот кој наидуваше на препреки во парламентот. Треба да се освежи парламентот и да им се даде на луѓето да изберат“, рече Џонсон.

Критичен беше и кон главата опозициска паертиа, велејќи дека лабуристие не сакаат брегзит ниту на 31-ви октомври, ниту во ноември, ниту на 31-ви јануари.

Водачот на лабуристите, Џереми Корбин, одговори дека неговата партија поддржува избори, бидејќи не сакаат и натаму земјата да ја води лекомислена и деструктивна конзервативна влада, како и дека сега е моментот за промени.

Со изборите на повидок, Џонсон направи голем исчекор кон закрепнувањето на партијата, враќајќи во неа околу половината од 21 член на ториевците кои ги исклучи во септември, бидејќи се побунија за да го спречат брегзитот без договор. Во партијата со одлуката на Џонсон се враќаат пратениците Алистер Барт, Керолајн Нокс, Грег Кларк, Сер Ноколас Соамс – внук на поранешниот воен премиер Винстон Черчил, Ед Вејзи, Маргот Џемјс, Ричард Бенјон, Стивен Хамонд, Стви Брин и Ричард Харингтон. Тоа значи дека може да се кандидираат како конзервативци во своите изборни единици, доколку во меѓувреме не се предложени нови кандидати.

Меѓу бунтовниците кои не добиле дозвола за враќање во партиските редови поранешниот министер без портфел Кен Кларк и поранешнито министер за финансии Филип Хамонд, како и поранешниот државен секретар во секторот правда Дејвид Гаук.