Џонсон: Целата земја им посакува сѐ најдобро на Хари и Меган

Британскиот премиер Борис Џонсон рече во неделата дека верува оти целата земја им посакува сѐ најдобро на принцот Хари и неговата сопруга, поранешната американска актерка Маген Маркл, откако двојката одлучи да се повлече од досегашните должности во кралското семејство.

„Мислам дека целата земја им го посакува само најдоброто во иднината. И како што реков порано… Сигурен сум дека кралското семејство, кое е на тронот веќе долго, ќе продолжи по вистинскиот пат“, изјави британскиот премиерот Борис Џонсон за телевизијата Sky News во Берлин, каде што учествува во самитот за Либија.

Бакингемскиот дворец објави во средата дека принцот Хари и неговата сопруга повеќе нема да добиваат јавни пари за извршување на кралските должности, ниту ќе ги корстат своите титули Кралско Височество, и оти повеќе формално нема да ја преставуваат британската кралица Елизабета Втора.

Војводата и војвотката од Сасекс претходно месецов предивикаа криза во британското кралско семејство, објавувајќи дека сакаат да ги намалат своите кралски должности и да минуваат повеќе време во Северна Америка, и да станат финасиски независни.

Кралицата Елизабета и членовите на кралското семејство последните денови договараа со државните функционери, како тоа ќе се спроведе во практика.

Бакингемскиот дворец објави дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности, како и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за реновирање на својата куќа во Виндзор. Станува збор за 2,4 милиони фунти. Промените стапуваат на сила оваа пролет, објави дворецот но притоа не ги коментираше безбедносните аранжмани договорени за Хари и Меган.