Џонсон: Договор со ЕУ е можен следниот месец

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во понеделникот дека верува оти е можно да се постигне договор за идните односи меѓу Обединетото Кралство и Европската унија до кајот на јули.

„Не гледаме причина поради којашто тоа не би било направено во јули“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во телевизиското интервју по видоеконференцијата со челниците на европските институции.

На видоеконференцијата покрај Џонсон, учествуваа и претседателката на Европската комисија, Усула фон дер Лејен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Се согласиле дека е потребно да се интензивираат преговорите за идните односи во јули за да се создадат условите за договорот и неговата ратификација до крајот на годината.

Џонсон во интервјуот рече дека не мисли дека ситуацијата е далеку од постигнување договор, но истакна дека сега е потребно малку динамика и енергија во преговорите. Не планира преговорите да се оддолжат до есента или зимата, рече, „како што можеби би сакале во Брисел“.

Во заедничката изјава на Лондон и Брисел се наведува дека „страните се согласика дека е потребен нов елан во преговорите. Ги поддржаа плановите коишто главните преговарач ги договорија за интензивирање на разговорите во јули и создавање најповолни услови за склучување и ратификација на договорот пред крајот на 2020 година“.

Двете страни ги размениле мислењата за досегашните четири круга од преговорите за идните односи на коишто не беше постигнат значителен напредок. Во заедничката изјава се вели дека Брисел е запознает со одлуката дека Лондон нема да бара продолжување на преодниот период кој трае до крајот на оваа година.

Во заедничката изјава двете страни ја истакнуваат својата намера дека „вредно ќе работат на воспоставување на односите, кои ќе бидат од полза за граѓаните на ЕУ и на Обединетото Кралство, и ја потврдуваат решителноста на време и во потполност да ги спроведат договорот за раздружување“.

Обединетото Кралство ја напушти ЕУ на 31-ви јануари, а според договорот за раздружување, преодниот период трае до крајот на оваа година. За време на преодниот период Велика Британија треба да ги почитува сите правила на ЕУ како да е членка, но не може да учествува во носењето одлуки.

Доколку страните сакаат да го изнегнат остриот прекин на односите создавани во текот на 47-те години од британското членство во ЕУ, потребно е да се постигне договор за идните односи барем три до четири месеци пред крајот на година, за да остави доволно време за неговата ратификација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.