Џонсон: Ќе постигнеме договор и ќе излеземе од ЕУ

28

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека ќе биде постигнат договор за Брегзит и земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври.

– Ќе постигнеме договор и ќе работиме многу напорно за да успееме во тоа. Бев вчера во Ирска, каде со нашите пријатели разговарав како тоа да го направиме. Планираме да одиме во Брисел и да разговараме и со некои други престолнини, истакна Џонсон.

Според него, постои начин да се постигне договор, но и дека Британија мора да биде подготвена за излез од ЕУ без договор.

– Абиде апсолутно неопходно, ќе излеземе и без договор, нагласи британскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.