Џонсон ги повика денеска Франција и Германија на нов договор за Брегзит

Борис Џонсон: Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ
Борис Џонсон: Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ

Британскиот рпемиер Борис Џонсон ги повика денеска Франција и Германија да ги сменат ставовите за Брегзит и да се согласат на преговори за нов договор за заминување на Британија од ЕУ.

Во спротивно , Џонсон најави дека е подготвен Британија да излезе од ЕУ без договор.

„Ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври – со или без договор“, рече Џонсон на прес-конференцијата за новинарите во Трур, во југо-западниот дел на Англија.

„Нашите пријатели и партнери од другата страна на каналот не се колебаат да се премислат. Во ред е, сигурен сум дека ќе го сторат тоа“, додаде тој.

„Се надевам дека разбираат дека треба да се согласат на компромис“, одговори британскиот премиер на прашањето за неговите претстојни средби со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела.

Џонсон ќе се сретне со Меркел во среда во Берлин и со Макрон во четврток во Париз.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.