Џонсон и со вратоврската укажа на важноста на рибарството во договорот со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон во четвртокот носеше вратоврска со апликација на риба кога објави дека Обединетото Кралство постигнало трговски договор со Европската унија, укажувајќи и на тој начин на важноста рибарство за постигнување на договорот.

Темната вратоврска со многу риби, кога Џонсон ја носеше прес-конференцијата на која го објави постигнување на договорот со ЕУ, претавуваше фактот дека пристапот на рибарите од земјите членки на Унијата во британските територијални води беше едно од најспорните прашања во преговорите, известува германската службена новинска агенција DPA.

Имајќи предвид дека преговорите траеја до последниот пмомент, модата сигурно не беше единствениот начин на изразување на важноста на прашањето на рибарството за идните односи меѓу Лондон и Брисел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и британскиот премиер Борис Џонсон неодаман имаа работна вечера во Брисел на која беше послужена риба уловена во британските води и видот школки кои беа предмет на жесток спор меѓу Франција и Велика Британија.

Меѓутоа, британската рибарска индустрија е разочарана од тоа што договорот на Британија со ЕУ не носи позначително намалување на приостапот на рибарите од ЕУ во британските води, соопшти нивниот претставник.

„Секторот ќе биде многу разочаран бодејќи нема порешително раздружување“, изјави за Reuters Бари Деас, извршен директор на Националната федерација на рибарските организации, забележувајќи дека договорот е претерано компромисен.

Џонсон претходно во четвртоот рече дека Велика Британија се согласила на „разимен“ преоден период од пет и пол години со Европската унија по прашањето на рибарството. Лондон сакаше тој период да трае три години, додека Брисел првично бараше 14 години.

Деас додал дека најголемата грижа за рибарската индустрија ќе биде одлука со која на рибарските бродови од ЕУ им се дозволува до шест наутички милји од британскиот брег, додека британската рибарска индуструја бараше да оперираат до 12 милји од брегот. „Мислам дека ќе има многу фрустрации“, додал.

Приврзаниците на брегзитот велат дека рибарството е симбол на суверенитетот, а риболовните подрачја во британските води би требало да бидат наменети првенствено за британските рибарски екипажи. ЕУ настојувањеп да го осигури пристапот до британските води за рибарските бродови од членките на блокот, во прв ред Франција и Холандија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.