Џонсон има намера да остане премиер и да го спроведе брегзитот на 31-ви октомври

Британскиот премиер Борис Џонсон ијзави во неделата дека ќе истане на должноста, дури и доколку не успее да обезбеди излегување на Обединетото Кралство од Европската унија со договор, истаквнувајќи дека само неговата влада водена од Конзервативна партија да го води брегзитот на 31-ви октомври, без оглед на сѐ.

Џонсон вели дека ќе ја изнесе Британија од ЕУ, со или без договор, и покрај тоа што парламентот усвои закон кој бара од премиерот да побара продолжување на рокот за брегзитот доколу не биде постигнат договор. Своевремено изјави дека попрво би „завршил мртов во ендек“ отколку да траже одложување. Во неделата потврди дека нема намера да поднесе оставка за да избегне барање за одложување на брегзитот.

На прашање на новинар на BBC дали ќе поднесе оставка за да не мора да бара одложување, Џонсон изјави„ „Не, јас го преземав водството на партијата и својата земја во тешките времиња и ќе продолжам тоа да ги правам. Сметам дека тоа е моја одговорност“.

Џонсон повторно одби да објасни како планира да го заобиколи законот, со кој мора да бара одложување ако не постигне договор со Брисел, и истовремно да го исполни своето ветување за брегзит продлабочувајќи ја неизвесноста за најголемиот британски политички и трговски пресврт во речиси последните половина век.

„Луѓето чувствуваат дека оваа земја се приближува на важен момент од изборот и треба да се фатиме за работа и да го испорачаме брегизотот на 31-ви октомври… Јас тоа ќе го сторам“, рече Џонсон за BBC.

Опозициската Лабуристичка партија мора да осигури да се избегне ризикот од излегување на Британија од ЕУ без договор, пред да разгледа каков и да е план за уривње на премиерот Џонсон, изјави во неделата портпаролката на лабуристите за образование, Ангела Рајнер.

Запрашана во текот на интервјуто за телевизјата BBC, дали лабуристите планираат да повикаат на гласање за недоверба на Џонсон, Рајнер рече дека сакаат да „обезбедат излегувањето без договр да не биде ставено на маса пред да сториме нешто“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.