Џонсон: Има реални шанси Русија да ја добие војната

Британскиот премиер, Борис Џонсон, во денешниот разговор со новинарите призна дека има реални шанси руските сили да ја добијат војната во Украина.

Коментирајќи ги извештаите на воените претставници дека Русија може да ја добие војната, Џонсон рече: „Тажно е што постои реална шанса за тоа. Се разбира, Путин има огромна армија. Неговата политичка позиција е исклучително тешка бидејќи направи катастрофална грешка“ .

„Единствената опција што ја има сега е да продолжи со својот застрашувачки пристап, предводен од артилеријата која се обидува да ги срамни украинските градови со земја“, рече Џонсон.

„Сега е блиску до обезбедување копнен коридор до Крим преку Мариупол. Ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мора да бидеме реални за тоа“, додаде британскиот премиер.

Џонсон нагласи дека Украинците покажале неверојатен хероизам во војната.

„И покрај воената супериорност на Путин, тој не успеа да го победи духот на украинскиот народ“, рече тој.

Џонсон посочи и дека Британија ќе испрати уште артилериско оружје во Украина и потврди дека следниот месец повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.