Џонсон: Имиграцијата нема да го реши недостигот од горива, гас и храна

Британскиот премиер Борис Џонсон изајви во неделата дека нема да биде вратена „неконтролираната имиграција“ во решавањето на кризата поради недостигот од горива и гас за домаќинствата, пораќувајќи дека гласачите му ја дале довербата за да раскине со моделот на ниски плати за нискоквалификуваните работни места.

На почетокот на конвенцијата на својата Конзервативна партија, премиерот Борис Џонсон повторно ја бранеше својата влада од обвинувањета од оние кои не можат да набават горива за своите автомобили, трговците ко ипредупредуваат од можни недостизи во текот и Божикните празници, како и гасните компании кои се борат со големиот сокок на цените на енергенсот на светскиот пазар.

„Патот напред за нашата земја не е неконтролираната имиграција и овозможувањето на огромен број луѓе да работата (во Обединетото Кралство). Значи, она што нема да го сторам е враќањето на стариот пропаднат модел на ниски плати и неквалификувани работи, поддржани со неконтролираната имиграција“, изјави Џонсон за BBC.

„Кога луѓето гласаа за промена во 2016-та и повторно во 2019-та, гласаа за завршување на пропаднатиот модел на британската економија кои се потпираше на ниски плати, ниски квалификации и хронично ниската продуктивност. Се оддалечуваме од тоа“, додаде британскиот премиер.

Велика Британија се соочува со проблемите во синџирите за снабдување, поради што се јави недостиг во испораките на горивата до бензиските пумпи и бројни продукти до продавниците. Џонсон јасно порача дека нема да се потпира на имиграцијата за да го реши овој проблем, туку одговорноста ја префрли на компаниите да ги зголемат платите и со тоа да привлечат повеќе работници.

Генералниот секретар на владејачката Конзервативна партија, Оливер Доуден, изјави дека владата презема мерки за да се вработат повеќе возачи на камионите во синџирот за снабдување.

Џонсон имаше намера да ја искористи партиската конвенција во Манчестер фокусот од пандмијата со коронавирусот да го префрли на ветувањата од изборите во 2019 годи дека ќе се борни за регионалната нееднаквост, криминалот и подобрувањето на социјалната грижа. Меѓута, фокусот сепак беше ставен на проблемите со снабдувањето.

Британскиот премиер, исто така, се соочува со критики во својата партија поради напуштањето на тредиционалниот партиски став за ниските даноци. Џонсон ги зголеми даноците за да им помогне на секторите здравство и социјална грижа, кои се под притисок во двегодишната пандмија.

„Секако дека не сакаме да ги креваме даноците, но тоа што нема да го сториме е неодговорно да постапуваме со јавните финансии. Доколку тоа можам да го избегнем, не сакам повторно да ги кревам даноците, секако да не“, порача Џонсон.