Џонсон на работ, и во среда се нижат оставките

Британскиот премиер Борис Џонсон се бори да ја задржи власта во Даунинг стрит 10, додека неговите министри и соработници ја напуштаат владата и во средата во знак на протест против неговите методи на водење на земјата.

Џонсон, кој во првата седмица во јуни го преживеа гласањето за доверба покренато од неговите конзервативци предизвикани од сознанијата дека учествувал на пијанките во седиштето на владата во Даунинг стрит во периодот кога владините политики строга забрануваа општествени собири поради пандемијата на коронавирусот, дури и за погребите и венчавките на најблиските.

Сега Џонсон е обвинет дека ја игнорирал загриженоста на неговите сопартијци по сознанијата за проблематичното однесување на осрамотениот заменик на шефот на парламентарната група на конзервативците Крис Пинчер.

Пинчер поднесе оставка минатата седмица по тврдењата дека во алкохолизирана состојба нападнал и „допирал“ двајца млади мажи во приватен клуб со членство „Carlton Club“, но на Џонсон обвиненијата против него му биле кажани уште во 2019 година.

Огорченоста поради овие настани поттикна на повеќе оставки во владиниот кабинет, последен оставка до пладнето во средата поднесе министерот за деца и семејство Вил Квинс, кој изјави дека не може да прифати да биде испратен да го брани премиерот на телевизиите со неточни информации за судирот околу Пинчер.

Квинс беше еден од министрите испратени преку медиумите да го одбранат ставот на Џонсон против Пинчер. Премиерот подоцна призна дека била претходно известен за обвинувањата против Пончер кои датираат од 2019 година и рече дека жали што портоа го задржал во владата.

Квинс потоа изјави дека обил „искрено извинување“ од Џонсон, бидејќи бил испратен со „неточен“ брифинг за запознаеноста на премиерот со настанот. Меѓутоа, „нема други избор освен да поднесам оставка, бидејќи ги прифатив и повторив тие уверувања со доверба“, истакна.

Пратеничката на владејачката Конзервативна партија во парламентот, Лора Трот, поднесе оставка во средата на позицијата помошник министер, велејќи дека „довербата во политиката, и секогаш мора да биде, од најголема важност, но за жал, последните месеци таа е загубена“.

Во меѓувреме електронскот издание на весникот The Guardian објави и дека Џон Глен поднел оставка од функцијата во министрството за буџет, велејќи дека има „целосен недостаток на доверба“ во водството на Џонсон.

Нивните оставки во средата претпладнето следеа по низата заминувања од владата во вторникот, предводени од Риши Сунак и Саџид Џавид. Уште во текот на ноќта кон средата Џонсон ги именуваше Надим Захави за наследник на Сунак во министерството за финансии, и Стив Баркли на местото од Џавид во министерството за здравство.

Захави, кој е соосновач на познатата компанија „YouGov“ и својата политичка кариера ја започна во конзервативните кругови во Лондон, веднаш навести поништување на планираното зголемување на данокот на добивка, како дел од напорите да се врати довербата меѓи водството и пратениците „ториевци“, односно конзервативци.

Меѓутоа, се чини дека всушност принудната реконструкцијата на кабинетот на Џонсон не ги увери неговите критичари да престанат со нападите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.