Џонсон: Напредокот во следните неколку дена е клучен за постигнување договор

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во неделата дека следните неколку денови ќе бидат клучни за можноста за склучување нов договор за истапувањето на Обединетото Кралство од членството во Европската унија, и додаде дека договорот за тоа со Брисел и натаму е возможен.

Џонсон вети дека Британија ќе ја напушти ЕУ со договор или без него на 31-ви октомври, иако британскиот парламент усвои закон кој го принудува да побара одложување на брегзитот, доколку не постигне договор до 19-ти октомври.

Британскиот премиер во понеделникот патува во Луксембург, каде што ќе се сретне со претседателот на заминување на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Џонсон на Јункер ќе му „разјасни дека ќе одбие продолжување на брегзитот, доколку тоа му биде понудено“, рекол анонимен извор од британската влада за германската новинска агенција DPA.

„Доколку можеме да постигнеме доволно напредок во следните неколку дена, планирам да отидам на клучниот самит на 17-ти октомври и да го финализирам договорот кој ќе ги заштити интересите на бизнисот и граѓаните од двете страни на Каналот (Ламанш) и од двете страни на граница во Ирска. Исто така, страсно верувам дека тоа можеме да го оствариме и верувам дека таков договор е во инерес, не само на Обединетото Краслтво, туку и во интерес на нашите европски пријатели“, нашпиша Џонсон во текстот објавен во The Daily Telegraph.

Изминатите неколку дена Џонсон и неговите министри зборуваат за напредок во преговорите со Брисел, но од страна на ЕУ секогаш доаѓаа изјави со помалку оптимизам, истакнувајќи дека Велија Британија требна да дојде со нови предлози.

„Немаме навестувања за решение“, рекол во неделата за DPA дипломат од Европската унија, кој барал да остане анонимен.

Џонсон сака да склучи преработен договор на самитот на челниците на земјите членки на ЕУ кој ќе се одржи на 17-ти и 18-ти октомври. Иднината на копнената граница меѓу Ирска која е членка на ЕУ и на Северна Ирска која е покраина на Обединетото Кралство, е централната точка на несогласувањата меѓу Лондон и Брисел, но и меѓу Џонсон и британскиот парламент. Џонсон, кој стана премиер на крајот од јули, зазема поостар став од својата претходничка Тереза Меј, и истакнува дека Велика Британија се подготвува за брегзит без договор.

„Тоа не и никогаш не беше исход кој го посакувам, но напите подготовки сега се многу обемни, Да, можеби постојат тешкотии пред нас, но сите ќе ги надвалдееме“, напиша Џонсон во споменатиот текст.

Во истиот напис Џонсон го критикува парламентот во Лондон поради отежнувањето на неговата преговарачка позиција со носењето на законот за продолжување на брегзитот.

„Ефектот (од законот) е целосно во спротивност со британските интереси, атоа што во најмала рака им даде впечаток на нашите партнери дека Велија Британија повеќе не е потполни во можноста или нее целосно решителна да истапи на 31-ви октомври. Ако досега е оставен таквиот впечаток, тој е погрешен“, заклучува британскиот премиер Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.