Џонсон: Не е крај на приказната со Ковид-19, доаѓаат постудени месеци

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат внимателни поради опасноста од коронавирусот со доаѓањето на постудените годишни периоди.

Ова не е крај на приказната и мора да бидеме многу внимателни бидејќи претстојат постудени месеци – истакна Џонсон пред новинарите во Шкотска.

Тој за време на посетата на Шкотска нагласи дека кризата предизвикана од коронавирусот ја покажала колективната сила на Обединетото Кралство.