Џонсон: Oд клучно значење за државата e сите деца да се вратат на училиште

Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека е од клучно значење сите деца да се вратат во училиште и дека е задоволен од подготовките направени со цел училиштата да почнат успешно да работат следната недела.

Според светските агенции, тоа ќе биде тест за способноста на Владата на Џонсон, која беше цел на критики за нејзиниот пристап кон проблемите во образованието за време на пандемијата на корона вирусот, како и поради тоа што до сега не обезбеди враќање на сите деца во училиште.

На прашањето дали, по примерот на Шкотска, Англија ќе мора да ја промени политиката според која на извесен број деца не им било препорачано да носат маски за време на нивниот престој во училиште, Џонсон одговори дека медицинските докази за тоа прашање ќе бидат разгледани во oд и оти тие се менуваат.

„Ако треба да ја смениме препораката, тогаш, се разбира, ќе го направиме тоа“, појасни Џонсон.