Џонсон по заминувањето на Камингс го именуваше Розенфилд

32

Британскиот премиер Борис Џонсон го именуваше во четвртокот поранешниот функционер Дан Розенфилд за нов шеф на својот кабинет, во обидот да го затвори ова поглавје по заминување на неговата досегашна десна рака, контроверзниот Доминик Камингс, гласен поборник на истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

Дан Розенфилд официјално ќе ја преземе должноста на први јануари, се наведува во соопштението на Дауниг Стрит, на самболичниот датум на завршувањето на периодот на пост-брегзит транзицијата кога Велика Британија и дефинитивно се одвојува од Европската унија.

Розенфилд, поранешен функционер на министерството за финансии и во банкарскиот сектор, беше и главното одговорно лице за клиентите на „Hakluyt“, компанија за стратешко советување чиешто седиште е во Лондон која е основана од поранешната британска агенција за надворешно разунавање MI6.

Британските медиуми забележуваат дека на својата страница на социјалната мрежа LinkendIn, компанијата „Hakluyt“ инсистира на работна атмосфера во компанијата и наведува дека „агресивноста и ароганцијата не се дозволени“, што е во спротивност со методите на Доменик Камингс во текот на референдумот за брегзитот во 2016 година.

Камингс неодамна ја напушти својата функција на специјален советник на премиерот Борис Џонсон, односно де-факто шеф на неговиот кабинет, по заминувањето на директорот за комуникации и неговиот сојузник во брегзит кампањата, Ли Кејн. Двајцата функционери, изразени претставници на тврдото крило поддржувачи на брегзитиот, заминаа по внатрешните пресметки за моќ во тимот на премиерот.

Се забележува, исто така, дека Џонсон наместо да се одлучи а искусен политочар, како на пример министерот за финансии Саџид Џавид, тој избрал скромен и тивок соработник.

Пред „Hakluyt“, Розенфилд бил член на упавата на „Bank of America“, по 11 години во бритнаското министерството финансии, од кои четири како главен помошник за двајца министри за финансии. Исто така, е претседател „World Jewish Relief“, главната хуманитарна организација на британската еврејска заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.