Џонсон порача дека исход без договор со ЕУ е „многу, многу веројатен“

Британскиот премиер Борис Џонсон порача во петокот дека е многу веројатно дека преговорите со Европската унија нема да успеат и дека Обединетото Кралство од Унијата ќе се раздружи последниот ден од годината без договор.

„Морам да ви кажам дека од позицијата на којашто сега стојам… многу, многу е веројатно дека ќе имаме решение за коешто мислам дека ќе биде извонредно за Обединетото Кралство, ќе можеме да го правиме токму она што го сакаме од 1-ви јануари, а тоа ќе биде јасно различно од она што сме си го зацртале дека ќе го постигнеме“, изјавил Џонсон за новинарите во Лондон.

„Но немам никакви сомневања дека оваа земја може да биде подготвена и да излезе, како што реков, со условите на Светската трговска организација“, додал британскиот премиер.

Џонсон рекол и дека преговорите со Брисел застанале на прашањата за рибарењето и клаузулата со којашто Британија би останала врзана за трговските прописи на ЕУ.

„Ние секогаш се надеваме, и како што знаете преговорите продолжуваат, нашиот тим сѐ уште е во Брисел. Ако има поголема понуда, поголеми промени во она што го зборуваат, тогаш морам да кажам дека ќе видам“, додал Џонсон.

Претседателката не Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, малку претходно во Брисел по завршувањето на самитот на челниците на ЕУ, изјави дека во преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија позициите за темелните прашања и натаму се оддалечени, како и дека до недела ќе се види дали ќе се создадат услови за договор за трговските односи по конечното раздружување.

На самиот самит немало дискусија за ситуацијата во преговорите со Обединетото Кралство, тукиу само претседателката на Европската комисија ги известила челниците на земјите членки за преговорите кои ги водат преговарачките тимови на двете страни.

Во средата вечерта фон дер Лејен разговараше со Џоносн и тогаш заклучлија дека преговарачките тимови да продолжат со рпеговорите за основните разлики во ставовите во трите области: рибарењето, спреведливата пазарна конкуренцја и начинот на решавањето на идните меѓусебни спорови.

Според дипломатски извори на агенцијата Reuters, „поголема е веројатноста договор да не биде постигнат, отколку да се дојде до него“.

Велика Британија по три и пол-годишниот процес дефинитвно ја напушти Европската унија на 31-ви јануари, но до крајот на годинава трае преодниот период во кој ги почитуваше сите прописи на Унијата.

Без договор за одните трговски односи, трговијата меѓу двете страни ќе биде нарушена со воведување царини и квоти. ЕУ на Лондон му нуди пристап до својот обединет пазар без царини и квоти но со услов да ги задаволува нејзините стандарди за британските компании нелојално да не им конкурираат на оние од нејзините земји членки. Британците, пак, истакнуваат дека тоа е неприфатливо за суверена земја.