Џонсон преместен од интензивна нега на одделение

Британскиот премиер Борис Џонсон е преместен од интензивна нега на одделот, објави во четвртокот вечерта неговиот портпарол.

„Премиерот вечерва е преместен од интензивна нега на одделението, каде што внимателно ќе се следи неговата состојба во текот на раната фаза на закрепнувањето“, рече портпаролот на Џонсон.

Педесет и петгодишниот Џонсон беше итно хоспитализиран во лондонската болница „Свети Тома“ во неделата вечерта, откако и по десет дена по потврдата дека е заразен со новиот тип коронавирус не му престанувала кашлицата и зголемента температура. Ноќта кон понеделникот е пренесен на одделот за интензивна нега, и добил третман со кислород но според тврдењето на владата не бил ставен на респиратор.

„Работите за него одат на подобро. Стабилен е, ситуацијата се подобрува, соработува со медицинскиот персонал“, изјави британскиот министер за култура, Оливер Доуден во четвртокот.