Џонсон сѐ попопуларен меѓу гласачите

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон во водство пред опозициската Лабуристичка партија од 14 процентни поени благодарејќи на неговиот решителен став во врска со излегување на Обединетото Кралство од Европската Унија, според испитувањето на јавното мнение од кое резултатите се објавени во средата.

Џонсон, поранешен министер за надворешни работи и во два мандата градоначалник на Лондон, стана премиер пред еден месец и ветува дека ќе ја изведе земјата од Европската унија на 31-ви откомври со или без договор за раздружувањето.

Испитувањето на агенцијата Kantar спроведено преку интернет покажало дека 42 отсто од гласачите, доколку сега се одржат изборите, би гласале за конзервативците наспроти 25 отсто во мај, а 28 отсто ги поддржуваат лабуристите наспроти 34 отсто во мај., која последен пат било спроведено компаративното истражување.

За либералните демократи би гласале 15 отсто од гласачите, исто како и во мај, а за партијата Брегзит би гласале 5 отсто од испитаниците, што е помалку во однос на мај кога партијата на Најџел Фараж имаше 10 отсто поддршка, додека за Шкотската национална партија (SNP) би гласале 5 отсто, исто колку и во мај.

Анкетата била спроведена на 1.133 испитаници во периодот од 15-ти до 19-ти август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.