Џонсон свика итен состанок поради новата позаразна мутација на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон го повикал ненадејно во петокот ноќта својот потесен кабинет за разговори како да се сузбие новата повирулентна мутација на коронавирусот SARS-CoV-2, објави интернет изданието на дневниот весник The Telegraph.

Итните нови рестриктивни мерки би можело да бидат објавени веќе го сабота, а можеби ќе влучуваат и ограничувања на патувањата меѓу југоистокот на Англија, вклучително и Лондон и остатокот на земјата, пишува весникот.

Од Даунинг стрит за Reuters рекле дека не можат да ги коментираат наводите на весникот.

Британската владат уште во понеделникот предупреди дека новито раст на бројот на коронаинфекциите на дневно ниво би можел да биде поврзан со нова варијанта на вирусот.

Претходно во петокот The Telegraph, исто така, извести дека владините службеници очекуваат одобрување за вакцината која ја развија британско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и англискиот Универзитет Оксфорд на 28-ми или 29-ти декември, и оти тоа одобрување би можело да ја забрза кампањата за вакцинирање против Covid-19.

На почетокот на декември Велика Британија стана првата западна земја којашто одобри вакцина за коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон претходно во петокот изјави дека се надева оти Англија нема да мора да оди во третото затворање по католички Божик.