Џонсон вели дека Путин му се заканил со ракетен напад

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вели дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил со ракетен напад во текот на телефонскиот разговор непосредно пред инвазијата во Украина.

Џонсон, зборувајќи за документарецот на британскиот државен радиодифузер BBC, вели дека со Путин зборувал околу придружувањето на Украина во НАТО, што кон крајот на 2021 година во понудениот договор со Алијанската и САД од страна на Москва за руската безбедност беше посочувано како „црвена линија“.

Како што во понеделникот пишува весникот The Telegraph, Џонсон во документарниот филм вели дека имал „многу долг, неверојатно долг разговор“ со рускиот претседател во текот на кој тој му се заканил на Путин со санкции од Западот поради тогаш сѐ уште многу веројатната руска воена интервенција во Украина.

„Тој рече ‘Борис, вие зборувате дека Украина нема наскоро да се приклучи на НАТО. За која временска рамка зборувате?’ А јас одговорив ‘Па, таа не планира да влезе во НАТО во догледна иднина. Вие тоа многу добро го знаете’“, вели Џонсон.

Притоа поранешниот премиер оценува дека мали биле шансите Украина да дојде до прием во НАТО, во прв ред поради позициите на Франција и Германија по тоа прашање.

Според Џонсон, во разговорот со Путин тој уверувал дека нападот врз Украина ќе биде „целосна катастрофа“. Џонсон, исто така, ветил дека Лондон во тој случај ќе ги поддржи властите во Киев.

„Во еден моменти ми се закани и рече ‘Борисе, не сакам да те повредам, но со проектил тоа би траело само минута’ или нешто слично. Весело“, вели Џонсон во врска со „многу долгиот“ и на „најчудниот’ телефонски разговор од февруари 2022 година кој следел по неговата посета на Киев.

„Но мислам дека имајќи го предвид неговиот многу опуштен тон, некаква дистанцираност која ја имаше, само се правеше дека се согласува со моите обиди да го натерам на преговори“, вели Џонсон.

Но поранешниот британски премиер претходно рече дека „дипломатска имитација“ биле мировните преговори од Минск во ткн „Нормандискиот формат“ меѓу проруските бунтовници и прозападните власти инсталирани во Киев по превратот во Киев во 2014-та, во кои покрај Украина и Русија гаранти беа и Германија и Франција.

Тоа е во насока на неодамнешните изјави на тогашните германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, според кои преговорите во Минск во 2014/2015-та биле само со цел на војската на Украина да ѝ се даде време да се подготви воено да ги заземе одметнатите источни доминантно руски региони Доњецк и Луганск. И тогашниот украински претседател Петро Порошенко призна дека главната цел на Киев била да го искористи прекинот на огнот за да купи време и да „создаде моќни вооружени сили“.

Борис Џонсон кој беше принуден поради низа скандали лани да ја напушти премиерската должност стана еден од најголемите поддржувачи на Киев, па и минатата седмица, непознато во кое својство, се сретна во Украина со претседателот Володомир Зеленски. Според перцепциите на медиумите, Џонсон имал и влијателна улога при раните обиди да се постигне запирање на судирот ланскиот март.

Имено, руските и украинските делегации одржаа неколку кругови од мировните преговори, започнати само неколку дена по почетокот на руската воена инвазија. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март 2022 година до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на тогаш британскиот премиер Борис Џонсон.

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

Коментаторот на The New York Times, Дејвид Сангер, во почетокот на мај пишувапе дека противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседба држава, ја призна трансфорамцијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.