Џонсон вети продолжување на воената поддршка на Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон вети продолжување на воената поддршка на Украина интензивно започната пред речиси една година, во телефинскиот разговор во неделата со украинскиот претседател Владими Зеленски, пренесува BBC.

„Премиерот истакна натамошна доследност на Обединетото Кралство во работата со меѓународните партнери ина координација на поддршката за јакнење на самоодбраната на Украина“, соопштија од Даунинг стрит.

Двајцата челници ја истакнале „важноста во вршење на притисоците“ врз рускиот претседател Владимир Путин и ги осудиле „бруталните напади врз невините цивили по ужасните бомбардирање на Мариупол“, се додава во соопштението.

Џонсон објави на Twitter дека му изложил на Зеленски како ќе работи на промовирањето на интересите на Украина на состаноците на НАТО и на групата најразвиени земји Г7 оваа седмица.

„Велика Британија ќе продолжи да ја јакне воената, економската и дипломатската поддршка за да помогне да се заврши овој ужасен судир“, објави Џонсон.