Џонсон во Ирска: Сакам договор за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака договор за Брегзит и оти не е обесхрабрен од обидите на Парламентот да го блокира излегувањето од Унијата без договор.

Зборувајќи во Ирска, за време на средбата со колегата Лео Вардакар, Џонсон рече дека носи идеи како да се реши прашањето со „Бекстоп“ – решение на прашањата за границата помеѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска по излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Сепак тој истакна дека не треба денеска да се очекува тоа решение.

– Имам јасна порака: сакам да седнам со тебе Лео и да дојдеме до договор, добар договор, рече Џонсон. – Како и ти, и јас внимателно ги оценив последиците и за нашата земја и за вас доколку не постигнеме договор. Да, Велика Британија би можела да го направи тоа и да мине низ тоа, но нема сомнение дека резултатот би бил неуспех за кој сите би биле одговорни, оцени британскиот премиер. Тој дополни дека тоа треба да биде направено за, како што рече, работните места, земјоделците и милионите обични луѓе кои сметаат на нас дека ќе ја искористиме креативноста за да постигнеме договор.

– Сакам да знаете дека најмногу би сакал да постигнеме договор, изјави Џонсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.