Џонсон загрижен поради големиот одѕив на подржувачите на опозицијата

Британскиот конзервативен премиер Борис Џонсон е загрижен проади големиот одѕив на приврзаниците на опозицијата на вонредните парламентарни избори кои се одржуваат во четвртокот.

Џонсон бараше одржување на предвремените избори со надеж дека ќе добие јасно мнозинство во британскиот парламент што ќе му овозможи излегување од ќорсокакот во однос на договорот што тој го постигна со Брисел за излегувањето на Обединетото Кралство од Евроспата унија. Владејачката конзервативна партија бараат спроведување на брегзитот до 31-ви јануари, третиот одложен рок, додека мнозинството либералдемократи се залагаат за зачувување на членството во ЕУ, а најголемата опозициска Лабвуристичка партија ветува спроведување нов референдум за брегзитот. Избирачките места се затвораат во 22 часот, или 23 часот по македонско време.

„Нашите локални избори известуваат за голема излесност на приврзаниците на лабуристите. Дали веќе гласавте? И вашето семејство и пријателите? Утре наутро клидерот на земјата ќе влезе во резиденцијата на Даунинг стрит и ќе започне да ја реализира својата политика. Тој лидер ќе биде или јас или Џереми Корбин“, се наведува во пораката потпишано од премиерот Џонсон кое Конзервативната партија го испрати до своите членови.

Писмото е насловотено на соодветен начин „Одѕивот на лабуристите е висок“.

„Овие избори ќе се сведат на неколку гласа. Значи, одите и гласајте за конзервативците! Имаме уште неколку часа да осигураме мнозинство за владата. Сѐ зависи од вас“, повикува Џонсон.

Сличен апел до своите приврзаници упати и лабуристичкиот челник Џереми Корбин“

„Можам да замислам само една работа поужасна од уште пет часа влада на ториевците. Тоа се уште пет години“, напиша Корбин до своите лабуристи.

На минатите избори високиот одѕив на избирачите најчесто значеше дека лабурисите успеале да ги мобилизираат своите помлади и гласачите ор работничката класа, кои во минатото слабо се појавуваа на избирачките места.