ООН и става крај на војната во Сирија?

Објавувајќи ја историската конференција наречена „Женева-2“, генреалниот секретар на Организацијата на обединетите нации Бан Ки-мун, потенцирал дека станува збор за „мисија на надежта“, објавува АФП, пренесува Нетпрес.

Тој на двете сстрани им напоменал дека целта ќе биде презентирање на план за политичко решавање на конфликтот, кој беше усвоен во јуни, лани.

„Генералниот секретар очекува од сириските учесници да дојдат во Женева. Ним трреба да им е јасно дека тој план е главната цел, како и намерата за ставање крај на војната“, рекол портпаролот на ООН, Мартин Несирки.

Планот за политичко решавање на воената криза во Сирија, усвоен во јуни 2012 година, прво предвидува преоден владин орган со целосни овластувања, а кој ќе добие поддршка од двете страни, а потоа спроведување на избори во земјата.

Новинската агенција „Асошиејтед Прес“, пишува дека нема заедничка спогодба за тоа каква ќе биде идната улога на претседателот на Сирија, Башар Асад.

dj-mice„САД одамна имаат јасен став, дека нема да има воено решавање на сирискиот конфликт“, изјавил Џошуа Ернест, портпарол на американскиот претседател Барак Обама.

Тој предупредил и дека има многу пречки пред мирот да биде воспоставен и дека потешкотиите воопшто не треба да бидат потценувани. Ернест изразил надеж дека конференцијата „Женева-2“ ќе донесе воспоставување на нови преодни власти во земјата.

Папата Франциск и рускиот претседател Владимир Путин јавно изразија поддршка за мировните преговори.

sirija

Средба Русија-САД-ООН, како подготовка на „Женева-2“, ќе се одржи на 20 декември, годинава, најавил Лахдар Брахими, специјален пратеник на ООН и на Арапската лига за Сирија, објави руската новиснка агенција Итар-Тасс.

Списокот на учесници на женевската конференција, сеуште не е јасен, дополнил тој. На новинарско прашање дали Иран и Саудиска Арабија ќе земат учество, тој рекол:

„Сеуште не сме направиле список, но тие две земји со сигурност ќе бидат меѓу евентуалните учесници“.

Брахими ги повикал властите и опозицијата во Сирија да ги сопрат воените дејствија, но истовремено додал дека реално гледано мала е веројатноста за прекин на борбите до почетокот на преговорите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.